• ПАДНА И ГОЛЕМИОТ РАБОТНИЧКИ ВО КУМАНОВО

Кошаркарите на Куманово направија голем исчекор во борбата за финал фоур со победа на домашен терен над Фершпед Работнички. Кумановчани ја диктираа играта од самиот почеток и во текот на целиот натпревар водеа дури и со 25 поени разлика. Голема подршка даваа и навивачите што се собраа во голем број.

ПОВЕЌЕ:

 

Падна големиот Работнички во Куманово. Падна како пред седум години. Но оваа беше од поинаков карактер. КК Куманово играше со срцето, а воедно без него и неможеше да се надева на поволен резултат. И на крајот се излезе како што беше посакувано убедлива победа со секаков респект кон противникот и пружена рака за добрата игра и за спротиставувањето кое и не им беше така доволно.

Од минута во минута:

КК Куманово започна стандардно со: Нинковиќ ( 15 ), Младеновски ( 14 ), Јоцевски ( 13 ), Спирковски ( 4 ) и Серафимовски ( 10 ). Сите играа како да им беше последен натпревар сите го оставија своето срце на теренот. Уште од почетокот Куманово го диктираше темпото. Поведоа прво Кумановчани со поените на Младеновски во 2 минута. Подоцна следуваа поените на Нинковиќ, Спирковски и Јоцевски. За да на крајот на полувремето предноста се верификува со една тројка исфрлена во последната секунда од страна на Серафимовски. На полувремето се замина со резултат 38-21. Сето тоа беше доволен показател меѓутоа КК Работнички се обиде да игра една за око лоша одбрана зона и за тоа КК Куманово си имаше лек. Лекот беше Аврамовски кој со 3 тројки по ред ја растури зоната на Работнички. Потоа Куманово си ја одржуваа предноста преку контрите во кои најизразени беа Спирковски, Ралиќ и Јовановски. Следуваше една повреда на Младеновски која за среќа не беше нешто посериозно само обичен грч поради големиот напор кој го наложуваше мечот. Се на крајот убаво спакувана за една слатка победа. Треба да се напомене дека важен фактор на целиот натпревар беше и публиката која не беше во така мал број ( 500 гледачи )                                      

За таа цел ја користмие оваа прилика и целиот стручен штаб на КК Куманово заедно со играчите да се заблагодари на публиката за присутноста на и тоа како важниот натпревар.

( Публиката се забавуваше )

КК Куманово 88-76 КК Ф. Работнички

Судија: Z. Trajkovski                                                    Делегат: Крстевски

Следниот натпревар е идната сабота против екипата на КК Вардар во Спортско рекреативниот центар КАЛЕ.
 

kkkumanovo.orgfree.com

 

Design downloaded from free website templates.
Free Web Hosting