• ПОЛУФИНАЛЕ  КК ВАРДАР - КК КУМАНОВО

Екипата на КК Куманово среќно меѓутоа заслужено влезе во фајнл фоур популарно наречен крајот на сезоната. Самиот факт што екипата на КК Вардар е ланскиот шампион и ќе се обиде да ја задржи титулата и фактот дека сите ги сметаат за фаворити уште повеќе ги мотивира играчите на КК Куманово. Имено ККК во полуфиналето неможе да изгуби, може да добие само финале, а финале значи и борба за првото место - тоа беа зборовите на Тодоривиќ кој напомена дека Вардар може и те како да се добие, но само со добра игра. Атмосферата во КК Куманово е на највисоко можно ниво што и денеска се покажа со еден прекрасен тренинг за сите играчи. Останува само да видиме што ќе се случи на утрешното прво полуфинале кое се игра во Спортската сала Градски Парк во Скопје во 11 часот. Второто полуфинале е од 2 часот КК Ф.Работнички - КК Јуниор. Да напоменеме дека поразените од двата натпревари играат во недела за 3 место, а победниците го играат посакуваното финале.

Со среќа Куманово.

  • ПАДНА И ГОЛЕМИОТ РАБОТНИЧКИ ВО КУМАНОВО

Кошаркарите на Куманово направија голем исчекор во борбата за финал фоур со победа на домашен терен над Фершпед Работнички. Кумановчани ја диктираа играта од самиот почеток и во текот на целиот натпревар водеа дури и со 25 поени разлика. Голема подршка даваа и навивачите што се собраа во голем број.

Следниот натпревар на Куманово е со Вардар Осигурување во Скопје идната сабота. Кумановчани се надеваат на победа и со која и сигурно ке се пласираат во Финал Фоур.

Конечно еве го резултатот
Прва Младинска Лига
К.К.Куманово 88-76 К.К.Фершпед Работнички

повеќе

  • КК Куманово убедливо против КК Плејмејкер

Екипата на КК Куманово во сабота стави крај на секакви дилеми. Нема ноншалнтност ќе се оди до крај со борбата која на крај мора да биде издвојувана. Екипата на Плејмејкер беше лесен залак за кумановчани.( 73-60 ) Затоа останува да видиме како ќе продолжи серијата на КК Куманово дали со уште една нова победа и тоа во среда во 18 h против екипата на КК Ф. Работнички.

  • КК Куманово убедливо во Неготино :

КК Куманово со голема и слатка победа во Неготино. Победа издвојувана на 2 начина: кошаркарски и физички. Имено кошаркарите на Неготино беа многу агресивни за време на натпреварот се додека не се случи еден гаф на кошаркарот Младеновски кога изнервирано го опцува противничкиот играч поради многу некоректен фаул. Противничкиот играч се упати кон Младеновски физички да се пресмета и во тој момент се деси буум. Играчите на КК Куманово Јовановски Марко и Јоцевски Милан почнаа да ги тепаат противничките играчи. За да не биде крајот така едноставен со победа на КК Куманово, навивачите го отежнаа преминот на играчите во соблекувалната а освен тоа и го демолираа комбето на кумановските играчи. Сето тоа е поради што играчите на Неготино ги изгубија сите шанси за фајнл 4 а КК Куманово полека но сигурно се приближува кон тој дострел. Натпреварот заврши со следниот резултат: КК Неготино 52-72 КК Куманово. Следниот натпревар на КК Куманово е на домашен терен против екипата на Плејмејкер.

  • КК Куманово 63-83 КК Вардар

Нема што да се каже освен браво момци за прикажаната игра воедно доста задоволен беше и тренерот Тодоровиќ кој рече "јас да сум тренер на Вардар да победам екипа со 20 разлика како КК Куманово а играм во втора лига, после утакмица ќе следува тренинг како казна." Меѓутоа не е се решено КК Куманоо за жал има два пораза на почетокот но тоа не значи ништо следуваат уште 6 мечеви па ќе видиме што ќе се случи ? Воедно следниот натпревар на КК Куманово е во Неготино на верувале или не 2 МАЈ.
 

  • КК Куманово изгуби незаслужено во градски парк.

Фершпед Работнички 76-65 КК Куманово. Иако наизглед изгледа сосема заслужено сепак силите на теренот беа сосема нешто друго. Сепак нема време за разочарување таков е плејофот треба да се издржи до крај како професионалец зато ги чекаме играчите на Работнички на жешкиот терен во Куманово.

Нова година и во Куманово

  • КК Куманово во понеделникот на новогодишна прослава

Иако 2 дена пред новата година сепак тоа не е пречка кошаркарите на Куманово да ја прослават новата година заедно со нивниот тренер. Имено забавата ќе биде во духот на спортот, со безалкохолни пијалоци и колачи. Забавата ќе биде во бифето во спортската сала, се разбира после тренингот што е значаен показател за професионалниот однос на кошаркарите на КК Куманово.
 

повеќе

kkkumanovo.orgfree.com

триумф во Битола

  • КК Куманово триумфално се врати од Битола

КК Куманово си го кажа своето во Битола. Резултатот 56-68 ни малку не е за потценување со оглед на фактот дека се играше на гости и тоа далеку во Битола. Доминираше триаголникот Нинковиќ-Младеновски-Спирковски, тука се надоврзаа и поените на Кузмановски и Димитријевски. Се на се одличен настап за Кумановчани во ладната Битола.

повеќе
 

kkkumanovo.orgfree.com

Гостување во битола

  • КК Куманово гостува на жешкиот терен во Битола,

КК Куманово сепак ќе го одигра одложениот натпревар со Свислајон Пелистер во Битола. Ќе биде доста неизвесно на натпреварот во Битола кој ќе се одигра во недела во 1 часот. Експедицијата на КК Куманово тргнува од Куманово во 9:30. Ништо не преостанува освен да посакаме многу среќа и успешен натпревар на КК Куманово.
 

kkkumanovo.orgfree.com

Page 1/1
 

 

Design downloaded from free website templates.
Free Web Hosting